Никола Ачиари, еден од најпознатите неврохурурзи во Италија,  за весникот „Контро Копертина“, изјавил дека Михаел Шумахер, онаков како сите го знаеме, веќе не постои.

„Михаел повеќе не е во кома, но тој веќе не е човек кој што го познаваме од времето кога беше на Формула 1 патеките, кога беше светски шампион. Тој денес е поинаква особа, и физички и психички, има измени во неговата органска, мускулна и скелетна структура. Тоа е последица на трауматската повреда на главата по падот“ посочил Италијанецот, за тоа што се случи пред шест години на Алпите.

Инаку пред извесно време за Шумахер проговори и Жан Тод. Тие двајца го сочинуваа непобедливиот тандем на Ферари и како од шега освојуваа титули во Формула 1.

„Бев кај него во вилата на Женевското езеро, се дружевме,заедно гледавме и една трка, но секако дека нашето пријателство веќе не може да биде исто, тој е некоја друга личност. Сепак Михаел продолжува да се бори заедно со своето семејство“ истакна тогаш Тод.