Марсело секако дека тоа не го заслужи. Посебно не ако се знае дека Бразилецот на „Сантијаго Бернабе“ е 13 години, и дека сите најголеми успеси на Реал Мадрид во тој период, па и бројните пехари во ЛШ, се врзани со неговото име. Но публиката на „кралевите“ секогаш сака повеќе и повеќе.

Па така на мечот со Севилја, кога беше изваден од терен, дел од навивачите почнаа да му свиркаат, факт е дека Марсело во последно време не е на своето ниво. А тој погоден од тоа, седна на клупата и почна да плаче, веројатно шокиран од свирежот од фановите на Реал Мадрид.

Интересно е тоа што токму на тој меч, левиот бек од Бразил го имаше својот јубилеен 350-тиот настап за најголемиот клуб во светот.