Во единствениот натпревар во НБА лигата одигран ноќеска, ЛА Клиперс на гостински терен беа подобри од Далас, односно дуелот меѓу Ленард и Дончиќ го доби првиот кошаркар, погодувајќи ги слободните фрлања во финишот.

Гостите самоуверено влегоа во мечот и го превзедоа водството, а потоа домашните направија пресврт. Во финишот се влезе во егал, односно беше 108:100, а потоа тројката на Дончиќ и кошот на Клебер го вратија Далас во игра. Клиперски не реализираа неколку напади, и на седум секунди до крај Дончиќ не реализираше слободни фрлања, а на спротивната страна Ленард од слободни беше прецизен и донесе победа од 110:107.