ФОТО: Охридњус

Александар Василев (34), искусниот стопер, е најновото, четвртото, зимско засилување во таборот на Охрид. Струмичанецот веќе почна со работа на тренинзите под водство на тренерот на охриѓани Драган Бочески. Инаку Василев до пред еден месец настапуваше за Лабуништа, а претходно играше и за екипите на Силекс, Македонија ЃП, Хоризонт Т, Работнички, Напредок, Брегалница, Беласица, Струга Трим Лум, има интернационална кариера во Норвешка, Мјанмар.

Покрај Василев, екипата на Охрид се засили и со Мирселовски, Симјаноски и Муча.