По паузата по повод Божиќните и Новогодишните празници, продолжува Бизнис 3х3 Баскет турнирот во организација на Спортплан. Започнува 15-тото коло од сезоната на Бизнис 3х3 Баскет. Натпреварувачите се враќаат во игра на турнирот кој е од рекреативен карактер.

Продолжуваат натпреварите помеѓу пријавените екипи со одлична можност за дружење и развивање на тимскиот дух надвор од нивното работно место, но започнува и пријавувањето за новите екипи.

Компаниите во Македонија го зголемуваат нивниот интерес за учество на турнирот за да бидат дел од возбудливата „Бизнис 3×3 Баскет“ забава. Поради таа причина, веќе е отворено пријавувањето на нови екипи за учество во новата сезона на веб страницата на Спортплан на следниот линк https://sportplan.mk/prijavi-se/ .

Идејата за Бизнис 3х3 Баскет е природна и потекнува од една едноставна желба – „Да излеземе од работа и да се дружиме“. За сите вклучени ова беше одлична можност во студените месеци да играат во сигурна и топла средина во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.

Минатата година  на овој турнир учествуваа 196 пријавени учесници, се постигнаа повеќе од 5.000 поени од 20 екипи во вкупно 14 кола.

Главни подржувачи на турнирот се Парк хотел и спа, Неотел и СЦ „Јане Сандански“.

Повеќе информации за Спортплан и Бизнис 3×3 Баскет може да се најдат на: http://biznisbasket.mk/ и https://www.facebook.com/sportplan.mk/.