Хувентуд вечерва (20:45 часот) го игра третиот меч од Топ 16 фазата во Еврокупот. Поради проблем со кровот на салата во Бадалона, дуелот со Тофаш е закажан во Блауграна.

Но, оваа информација е во втор план. Ненад Димитријевиќ нема да може да му помогне на својот тим во обидот да дојде до втората победа во овој дел од натпреварувањето. Македонскиот репрезентативец се пожалил на повреда на листот на ногата, по извршените прегледи, препораките од докторскиот тим биле задолжително да одмара.

Отсуството на Димитријевиќ е вистински проблем за Хувентуд, по оние феноменални партии во изминатиот период. Нено се најде во идеалната петорка во АЦБ-лигата, каде е број еден асистент.

Тимот од Бадалона во Топ 16 фазата има по една побед и еден пораз и се наоѓа на третото место на табелата, нова победа ќе го искачи место погоре.