Вонредно коло во Англија и дузина натпревари во националните купови ширум Европа. Типувајте во МOZZART и освојувајте парични награди… Ова се нашите предлози за среда 21 јануари 2020 година…

АНГЛИЈА 1

ЛЕСТЕР

ВЕСТ ХЕМ

Факт е дека „лисиците“ минатите недели забележаа некои резултати кои ги разочараа нивните навивачи. Но, во конкуренција се за пласман во Лигата на шампионите, додека „чеканите“ се малку над дното. Единицата е во предност, а комбинирајте ја со 2-4.

ТОТЕНХЕМ

НОРИЧ

Тотенхем и понатаму има проблеми, меѓутоа без оглед на нив е во нешто подобра форма од Норич кој е закован за последното место. Притоа, „канаринците“ на страна освоија само пет бодови и немаат преголеми шанси во овој дуел.

МАН. ЈУНАЈТЕД

БАРНЛИ

Ова е натпревар кој „црвените ѓаволи“ би морале да го добијат. Поквалитетни се, а и мора да се извадат пред навивачите за оној пораз од Ливерпул во неделата. Барнли има разочарувачки резултати на гостувањата. Пробајте и комбинација 1&2-3.

АНГЛИЈА 2

ЧАРЛТОН

ФУЛАМ

Формата на Чарлтон е променлива и не е далеку од опасната зона. Од друга страна, Фулам не само што сака да го задржи местото кое го носи во плеј-офот, туку цели на директен влез во елитата. Затоа двојката на Вембли е сосема реална, но пробајте и 2-3.

НОТИНГЕМ ФОРЕСТ

РЕДИНГ

Уште еден незгоден натпревар. „Шумарите“ подобро котираат, но Рединг минатите недели играше пристојно, па ништо не би нѐ изненадило. Последните сезони на нивните меѓусебни дуели има 0-2 гола, па тоа е помудра опција отколку единицата.

ШКОТСКА 1

АБЕРДИН

МАДЕРВИЛ

Во прашање е дуел на екипи кои на табелата ги дели само еден бод (толку Мадервил има повеќе во однос на ривалот). Не би требало да се отфрли ниту еден исход, но кога знаете дека Абердин славеше во октомври како гостин јасно е зошто се потпираме на единица.

КИЛМАРНОК

СЕЛТИК

Селтик во последното коло во претходната година изгуби во градското дерби. Тоа не го измести од првото место, но може да го сопне во конечниот збир. Во секој случај, „Келтите“ тука не смеат да киксираат, а вие побарајте и 2-3.

ЛИВИНГСТОН

СТ.ЏОНСТОН

Домашните се подобро пласирани, меѓутоа, ривалот е во многу посигурна форма, а има и два натпревари помалку, па и тој се надева на скок во „горниот дом“. Нивните претходни два натпревари завршија со поделба на бодовите, а нашиот предлог за овој меч е ГГ.

РЕНЏЕРС

СТ.МИРЕН

Ренџерс е во одлична серија и има само два бода помалку од водечкиот Селтик, но одигра и натпревар помалку од соседот. Тоа на избраниците на Стивен Џерард им дава силен елан во продолжение на натпреварувањето и би требало да го победат Сент Мирен со 3+.

ШПАНИЈА – Куп на кралот (1/16 финале)

ЏИРОНА (2)

ВИЉАРЕАЛ

„Жолтата подморница“ во претходната рунда дури во продолженијата го потона третолигашот Ориуел, па очекуваме многу поангажирано да влезе во дуел со довчерашниот член на Примера Џирона, со која има негативен биланс. Покрај двојката размислете и за Х2&2+.

СОСИЕДАД

ЕСПАЊОЛ

Еспањол сериозно напредуваше откако на клупата седна Абелардо, но патот до опстанок е трновит и бара максимална посветеност – значи, Купот му е во втор план. Тоа би требало да му ја олесни задачата на Сосиедад да слави со традиционални 2-4 гола.

РАЈО ВАЉЕКАНО (2)

БЕТИС

Не е спорно дека Бетис е поквалитетен. Меѓутоа, знае да киксира кога во тоа најмалку се надевате, често поради офанзивниот стил кој го негува тренерот Руби. Слична филозофија има и неговиот колега од Рајо Пако Хемес, па 3+ е помудро од двојката.

ХОЛАНДИЈА – Куп (осминафинале)

ХЕРАКЛЕС

ВИТЕСЕ

Хераклес е незгоден домаќин и Витесе ќе мора да биде на висина на задачата за да се најде во четвртфиналето. Би требало да знаете дека жолто-црните на претходните 13 гостувања во Алмело постигнаат барем по еден гол, а сето тоа ветува КМБ Х2&ГГ.

ХЕРЕНВЕН

ВИЛЕМ ВТОРИ

Херенвен нема пораз во Купот на домашен терен од крајот на 2012. Меѓутоа, Вилем Втори, кој е најпријатно изненадување во Ередивизијата на средината на декември триумфираше на „Аб-Ленстра“ па реприза не би нѐ зачудила. Тука е и ГГ.

БЕЛГИЈА – Куп (полуфинале, први натпревари)

КЛУБ БРИЖ

ВАРЕГЕМ

Целта на Клуб Бриж е „двојна круна“. Во првенството делува незапирливо, а до полуфиналето на Купот стигна преку Брисел, со лесна победа над најголемиот ривал Андерлехт. Ни Варегем не би смеел да му биде закана, а единицата комбинирајте ја со 3+.

ПОРТУГАЛИЈА – Лига куп (полуфинале)

ГИМАРАИС

ПОРТО

Навивачите на Гимараис преку 15 години чекаат нивните миленици да го совладаат Порто во некое куп натпреварување, а со оглед на силата на ривалот ќе мора да се стрпат. Двојката би можела да ја испратат барем два гола.

ТУРЦИЈА – Куп (осминафинале, реванши)

БЕШИКТАШ

ЕРЗУРУМ (2)
Прв натпревар: 2:3

Точно дека Ерзурум е при врвот на Втората лига, но се сомневаме дека имаше многу луѓе кои му даваа шанса пред првиот меч. Во секој случај, Бешикташ ги почувствува сите предности и мани на тимот од истокот и знае што да направи, бирајте помеѓу 1&3+ и 1&2+I.