Да, и дефининитивно Балканот е некој друг свет, посебен, сам за себе. Како може поинаку да се опише фактот дека навивачи во Црна Гора, на футсал натпревар донеле вистински ВОЛК, опасно диво животно. Овој настан се случил во основното училиште „Маршал Тито“ во Улцињ. Причина за такво нешто е што фановите себеси си се нарекувале „ВОЛЦИ“. Се разбира откако снимката „протече“ на интеренет, полицијата реагирала, а се јавиле и организации за заштита на животните.