Експедицијата на Силекс веќе два дена е во Анталија, каде треба до 3 февруари да ја одработи главната фаза од зимските подготовки. Под водство на тренерот Горан Симов одработени се неколку тренинзи, а денеска ќе се стартува и со пријателските натпревари. Прв ривал ќе биде Висла Краков, славниот клуб од Полска, еден од најголемите во таа земја. Мечот започнува во 15 часот по македонско време. Во следните денови, спаринг – партнери на кратовци ќе бидат ЦСКА Москва вториот тим, потоа Витоша, Ботев Враца, Актобе и Химки.