Фудбалерите на Силекс денеска во Анталија против Висла Краков ремизираа со резултат 1:1. Ова беше прв натпревар на кратовци на подготовките во Турција, кои прикажале солидна и пред се борбена игра. Полскиот гигант повел во 10.минута, но момците на тренерот Горан Симов израмниле во 42.минута на 1:1. Резултат кој на крајот се покажал како конечен. Инаку ова беше трет натпревар на наш тим во Анталија оваа зима, и второ реми. Да потсетиме дека Вардар загуби од Хајдук со 1:3, а вчера Македонија ЃП ремизираше. Сеуште ја чекаме првата победа.