Само неколку дена откако го раскина договорот со Ренова, брзоногиот фудбалер од нападот Љавдрим Скендери се пресели во второлигашот Гостивар.

Скендери долго време беше дел од Ренова, а сега се реши да ја смени средината. Иако се очекуваше дека ќе продолжи во провлигашката конкуренција, сепак, се реши за амбициозниот второлигашки тим.

Скендери есеноска имаше повреда на лигаментите, и се чини дека ќе биде подготовен за пролетниот дел од сезоната.