Не е ремито со Шпанија она што ги загрижи хрватските навивачи, туку повредата на десното колено на Игор Карачиќ во финишот на мечот со „фуријата“ во последното коло од главната фаза во Виена.

Карачиќ при еден удар колено со колено со Алекс Душебаев побара замена и веќе не се врати на теренот, а на крајот наградата на МВП на мечот ја прими со ладна облога на десното колено.

Но, загриженоста ја смирува Лука Циндриќ, кој минувајќи низ микс зоната во Виена им дофрлил на новинарите: „Ма, се е ОК, без грижи“, посочувајќи на повредата на Карачиќ.