Адис Јаховиќ повторно ќе ја менува средината во Турција. Но не во Газиантеп како што беше најавено пред неколку дена, туку ќе потпише со Анталијаспор, кој пред неколку дена го промовираше Лукас Подолски за ново име.

Според информациите, Јаховиќ веќе слетал во Анталија каде што во следните часови треба да биде промовиран.

Неговиот договор со Малатија истекуваше на лето 2021 година, и од тука Малатија се согласи да му дозволи да премине во друг тим. Сезонава Јаховиќ на 18 меча постигна 11 гола во турската Супер-лига.