Како што пишува Албспорт.мк, Марин Јурина по се изгледа дека не е повеќе фудбалер на Шкупи. Тој е во Унгарија, и тоа на прегледи во еден тамошен клуб, во секој момент се очекува трансферот да се реализира и да се објави колку Шкуши ќе заработи. Се шпекулира дека касата на чаирчани и тоа како ќе биде полна.

Во замена за Јурина, кој дојде пред шест месеци од Челик, и веднаш покажа дека има квалитет во овој интернационалец од БиХ, ќе дошол напаѓач од Фенербахче.