Ракометарите на Вардар и Еурофарм Пелистер денеска во СЦ „Јане Сандански“ одиграа пријателски меч од затворен тип на кој европскиот шампион славеше со 32:28. Ова беше прв меч за „црвено-црните“ по ЕП и пред стартот на вториот дел од сезоната, откако Еурофарм Пелистер веќе имаше контрола против КЛ7.

И двата тима полека ги собираат комплетните тимови по завршувањето на репрезентативните обврски и почнуваат да ја коваат стратегијата за вториот дел од сезоната. Овој меч беше и деби на двајцата нови тренери, Алушовски и Бабиќ, кои почнуваат со новите тренерски обврски. Вардар на овој меч беше без голманите Гедбане и Кизиќ.