Македонските судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов ќе го судат финалето на Европското ракометно првенство 2020 година кое ќе се игра во недела од 16 часот во Стокхолм. Ова е големо признание за нашата судиска двојка и ова е најголем настан што го суделе во кариерите. Претходно ја делеа правдата на Светското првенство за младинци.