Тренерот на Вардар, Александар Васоски ги анализираше досегашниот тек од подготовките, и пријателските натпревари. Вардарци загубија од Хајдук 1:3 и од Динамо Киев 0:4 во првите две контроли. Шефот на стручниот штаб вели дека резултатите се во втор план.

„Задоволен сум од подготовките. Сите играчи го даваат максимумот и немаме проблеми. Не сакам да бидам разбран дека барам оправдувања, но и двата тима кои ни беа противници во првите две средби се 1-2 седмици пред нас со подготовките. Мислам дека резултатите не даваат реална слика, барем не на она што се случуваше на теренот на првите две средби. Убаво е кога ќе се победува, но реков и пред почетокот дека резултатите тука не се важни, важно ќе биде добро да се подготвиме за она што не очекува во првенството. Барем на овие пријателски натпревари подобро е да се загуби, а да се игра добро, отколку да се игра лошо, а да се добијат мечевите. Ние, сепак, низ овие пријателски ја градиме играта која треба да ни донесе победи во првенството“, рече Васоски.