Игор Карачиќ ја запиша највредната асистенција на Европското првенство. Токму тој го проигра Жељко Муса во последните секунди од второто продолжение.

Екс-Вардарецот детално го опиша нападот на Хрватска вреден победа и пласман во битката за златен медал.

„Бев истрошен, ме уби мечот со Шпанија. Искрено не знам како го издржавме ова, но ќе имаме сили за финале. Последниот напад со Муса, е нешто што го имаме тренирано. Кога топката дојде до нас, го погледнав семафорот, видов девет секунди, потоа погледнав напред, видов двајца или тројца Норвежани, одлучив да го проиграм Муса. Го слушнав Дувњак како вика по мене „Кара, Кара“, но одлучив да му ја дадам топката на Муса. Господ врати со гол, му врати на Жељко за 2017 година која промаши седмерец“, заклучи Карачиќ.