Катастрофален земјотрес со јачина од 6,8 степени според рихтеровата скала кој засега однесе десетина човечки животи, ја погоди вечерва Турција. Епицентарот е во источна Турција, во градот Елазиг. Сепак, нема опасност за нашите тимови, бидејќи тие се далеку, иако бил почувствуван и во тој регион, но со далеку послаб интензитет.

Вардар, Шкендија, Македонија ЃП, Шкупи, Струга Триум Лум и Силекс се тимовите кои во моментов се наоѓаат во Анталија.