Експедицијата на Шкупи веќе два дена е во Анталија. Фудбалерите и стручниот штаб на чаирчани полека се аклиматизираат на условите во хотелот „Астерија Кремлин Палас“ во познатиот турски туристички центар.

Одработени се и два тренинга, а утре момците на стратегот Ќатип Османи ги чека и првиот пријателски натпревар. Спаринг партнер ќе биде екипата на Нефчи Кочкор од Киргистан.

Потоа на 29 јануари чаирчани се среќаваат со „братскиот“ Челик од Зеница, а на 6 февруари закажан е натпреварот со Рипенсија од Темишвар, второлигашки тим од Романија. Се бара ривал за 2 февруари.