Љубомир Врањеш на дебито на клупата на Словенија успеа да и го донесе четвртото место на оваа репрезентација на Европското првенство, втор најдобар резултат на оваа земја на континенталните натпреварувања.

Словенците обезбедија и место во квалификациите за ОИ, но Врањеш беше разочаран по поразот од Норвешка.

„Секако дека сме разочарани, овие два дена не успеавме да бидеме на високо ниво. Гледајќи на целиот турнир, момците направија навистина одлична работа и мораме да бидеме среќни.

Ме радува тоа што покажавме дека имаме иднина. Момците ќе поправат што треба да се поправи. Не треба да се заборави дека тие се првите што се квалификуваа за олимписките квалификации, за кои ќе бидеме добро подготвени “, изјави за Телевизија Словенија предводникот на оваа земја.