Зоран Златковски и официјално е ново име во редовите на Слога Виница, член на Третата лига – Исток. Утринава виничани се пофалија со своето најголемо зимско засилување, со кое имаат намера да „бркаат“ пласман во Втората лига – исток. Инаку Златковски е искусен напаѓач, поранешен капитен на младите селекции на Македонија, беше голема надеж на нашиот фудбал. Во својата кариера играше за голем број клубови во Грција, Бугарија, едно време играше и во Иран. Во Македонија пак играше за Брегалница, Академија Пандев, Саса каде што беше најдобар стрелец во последните три сезони на тимот од Каменица.