Европската ракометна федерација (ЕХФ) во последните два дена од ЕП во Шведска донесе и неколку одлуки поврзани со клупскиот ракомет. Она што беше познато и од претходно, денеска беше потврдено.

Следната сезона во Лигата на шампионите, Македонија ќе има само еден учесник, а не два каков што беше случајот во последните сезони. Новата Лига на шампиони ќе брои само 16 екипи, од кои девет ќе учествуваат според ранкингот, а останатите ќе добијат вајлд карти.

Од следната сезона ЕХФ воведува ново натпреварување, Лига на Европа, во кое нашата земја ќе има три места. Тоа е натпреварување кое ќе биде замена за досегашниот ЕХФ Куп.

Исто така се знае дека премиите за учесниците на завршниот турнир во Лигата на шампионите ќе изнесуваат вкупно еден милион евра.