Данскиот играч од средниот ред, Кристијан Ериксен, ќе стане вториот најплатен фудбалер кој ќе игра во Серија А лигата до крајот на оваа сезона. 27-годишниот фудбалер кој в понеделник треба да пристигне во Милано на прегледи и верификување на трансферот од Тотенхем, ќе добива 10 милиони евра годишно. Повеќе од него во италијанскиот шампионат заработува само напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо (31 милиони евра годишно).

10 милиони евра има и дефанзивецот на „Старата Дама“, младиот Де Лигт .

Оваа сезона, Ериксен постигна 2 гола и имаше 2 асистенции на 20 натпревари од англиската Премиер лига како фудбалер на Тотенхем.