Кошаркарите на Денвер ги победија Пеликанс во Њу Орлеанс со 113:106, а уште една одлична партија имаше српскиот репрезентативец Никола Јокиќ кој беше најефикасен со 27 поени. Уште седум играчи на Нагетс имаа двоцифрен ефект – Тори Крег и Мајкл Порет Џуниор додадоа 15, Грант 14, Бартон 13,…

Денвер во поголемиот дел од мечот беше подобар, а најголемата предност изнесуваше +15 во финишот на третиот период, но Њу Орлеанс на 89 секунди пред крајот намалија на 109:106, па Вил Бартон во следниот напад поентираше и ги тргна сите дилеми околу победникот.

Кај Пеликанс Џеј Џеј Ридик реализираше 18 поени, а Зајон Вилијамс и Џош Харт постигнаа по 15.

А Сакраменто во Чикаго ја прекина серијата од шест едноподруго порази. Кингс славеа со 98:91 и тоа благодарение на добрата игра во последната четвртина од натпреварот.

А кошаркарите на Лос Анџелес Клиперс во дербито на вечерта го победија Мајами на Флорида со 122:117, а речиси неверојатен е податокот дека Кавај Ленард го остврати првиот трипл-дабл во кариерата.

Еден од најдобрите кошаркари на денешницата никогаш до гостувањето на Мајами не успеал да впише трипл-дабл, а претходно одиграл 501 натпревар во НБА лигата. Против Мајами запиша 33 поени и по 10 скокови и асистенции.