Хрватската репрезентација после голема исцрпувачка битка со четири продолженија ја победи Норвешка и се пласира во финалето на Европското првенство. Ова е првпат Хрватите да обезбедат финале на едно големо натпреварување па еуфоријата е голема не само во Хрватска туку и на целиот Балкан.

Честитки пристигнуваат од секаде, а на профилот на Игор Карачиќ стигна поздрав од српскиот голман Дејан Милосаљев. Двајцата заедно играа во Вардар и беа дел од шампионската генерација која ја покори Европа.

„Пријателе, ти посакувам злато! Среќно!“, напишал Милосављев на фотографијата на која е тој заедно со Карачиќ во дресот на македонскиот ракометен гигант.