Експедицијата на Академија Пандев вечерва пристигна во Анталија, и веднаш се смести во својата база во хотелот „Гранд Парк Лара“. Во експедицијата, како што се гледа од фотграфијата, тука се и новаците Најденов, Цикарски…

Веќе утре четата на стратегот Југослав Тренчовски ќе го има првиот пријателски натпревар, и тоа против руската Балтика. Нема што, силен и квалитетен ривал за „пандевци“ на нивната прва контрола. Натпреварот започнува во 16 часот по локално време, или 14 по македонско.