По 10-те гола на дуелот против Хрватска, очекувано Сандер Сагосен стана новиот „крал“ на стрелците на Европските првенства. Норвешкиот ракометар вчера го израмни рекод стар осум години, кој беше во сопственост на Кирил Лазаров. Македонскиот „бомбардер“ на ЕП 2012 постигна 61 погодок и долго време беше прв на оваа листа.

Сагосен од седум метри, во деветата минута против Словенија за третото место на овој евро-шампионат го постигна 62 погодок. Останува да видиме со колку вкупно погодоци ќе го заврши ЕП.