Матијас Мајер стана првиот Австриец кој успеал да победи на спустот во Кицбил по пауза од цели 6 години. Последен пат тоа се случи во 2014 година.

Мајер денеска дојде до својата трета победа во Светскиот куп.

Тој е само деветтиот скијач во историјата кој успеал да победи и во Супер-Џи и во спуст во Кицбил, а победата го турна до второто место во генералниот пласман во Светскиот куп.

Мајер заврши со предност од 22 стотинки пред својот сонародник, Винсент Крихмајер, кој го подели второто место на подиумот со Швајцарецот Бет Фојц, кој е на врвот на генералниот пласманот во спуст.