Очајните резултати и настапи на нивниот омилен клуб, ги натераа навивачите на Манчестер Ј. да планираат протести. Според англиските медиуми, навивачите се организираат на голем протест против сопствениците на клубот, семејството Глејзер.

На последните неколку натпревари имаше се погласни скандирања против Американците, кои се засилуваат по секој лош резултат на тимот.

За време на мечот со Вулверхемптон кој се игра на 1 февруари на „Олд Трафорд“, најголем дел од навивачите на „црвените ѓаволи“ планираат да го напуштат стадионот во 58. минута. Тоа треба да биде симболичен протест за првиот пораз кој Јунајтед го претрпе од Барнли на домашен терен по цели 58 години и кој очигледно најмногу ги погоди најжешките фанови на англискиот гигант.

Моментот што е избран не е случаен, затоа што е поврзан и со еден од важните датуми во историјата на тимот – несреќата во Минхен во 1958 година, кога тимскиот авион се урна при обидот да слета во Минхен и на тој начин починаа голем дел од играчите на тимот познат по прекарот „Бејзбиевите бебиња“.

Навивачите сериозно ги обвинуваат сопствениците дека потрошиле над милијарда фунти, а не вложиле доволно за подобрување на тимот.