Работнички го совлада Тиквеш со 3:1 на денешниот „тест“ одигран на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари. „Романтичарите“ имаа водство од 2:0 уште на полувремето, а потоа дојдоа и до 3:0, за на крајот Тиквеш само да намали.

Тодоровски во 12. минута постигна убав гол со удар од 25 метри. Следуваше мало шоу на Тошевски кој даде два гола, односно погоди во 38. и 60. минута. Делов во 89. минута само успеа да намали.

Ова беше втора контрола на Работнички, по онаа со Борец (2:2), и екипата утре заминува на подготовки во Анталија.