Словенија не успеа да избори место во финалето на Европското првенство во ракомет откако синоќа изгуби од Шпанија. Шпанците имаа предност во поголемиот дел од мечот, на моменти таа изнесуваше четири, па и пет голови, а на крајот словенечките ракометари собраа сили и имаа голема шанса да се вратат во мечот. Јуре Доленец намали на 32:33 на една минута и пет секунди до крајот. Шпанците имаа напад. Словенечкиот тим одигра одлична одбрана, Шпанците немаа идеја што да направат.

Дури на 30 секунди пред крајот судиите ја кренаа раката за пасивен напад, пишуваат словенечките медиуми. Но потоа арбитрите го влечеа шпанскиот напад, го влечеа, судиите си гледаа… А Шпанците некако успеаја да шутнат и погодија на 13 секунди пред крајот што всушност значеше и победа 34:32. На словенечките ракометари не им оставија време да се вратат повторно… „Зарем ова е во ред? – прашува „Екипа24“, алудирајќи на тоа што судиите го толерираа нападот на шпанскиот тим до самиот финиш.

Шпанија е во финалето, а Словенците разочарани ја напуштија салата…