Постојат големи шанси Мартин Шишков, искусниот лев бек кој вчера се раздели со Брегалница, во текот на денешниот ден или најдоцна до утре, и официјално да стане нов член на Тиквеш. Како што велат нашите информации, кавадарчани и Шишков во моментов се во преговори. Инаку попладнево од 14 часот екипата на Тиквеш во Скопје на стадионот на „Борис Трајковски“ ќе одигра пријателска средба со Работнички, а се очекува да настапи и Шишков. Да потсетиме дека искусниот лев бек покрај Брегалница играше во Металург, Кожуф и други клубови.