Министерството за правда на Турција поднесе барање до САД екстрадиција на некогашниот репрезентативец Ариф Ердем. Екс членот на турскиот национален тим е еден од многумината кои се обвинети за учество во терористичката организација ФЕТО, која се товари за обидот за државен удар во 2016 година.

Ердем, како и легендарниот Хакан Шукур, живеат во САД, а Турција се реши да бара екстрадиција.

Пред неколку дена Шукур го обвини Ердоган дека го избркал од земјата и му одземал се.

Ердем целата кариера ја мина во Галатасарај.