Селекторот на хрватите ликува по пласманот во финалето. И со право Лино Червар е задоволен, ретко се гледаат такви мечеви како оној синоќа меѓу Хрватска и Норвешка, а уште помалку се играат. Сепак тој во негов стил стравува како тоа неговите дечки, по вложениот екстра напор во полуфиналето, ќе играат утре против Шпанија.

Ништо уште не е готово. Не знам како ќе го издржиме финалето, но сепак ќе најдеме начин. Никогаш досега не сум доживеал ваков излив на емоции. Да се има ваква ментална сила, секоја чест за дечките. Интересно е што на последниот пенал на Дувњак јас ги затворив очите, но не издржав и го видов. Страшно е да се играат вакви мечеви, но страшно е да се гледаат и од клупата“ потенцираше Червар.