Полската тинејџерска сензација Ига Свјонтек (18) ја победи хрватската тенисерка Дона Векиќ (23) во третото коло на Австралија опен. Дона влезе како фаворит против 56. тенисерка на ВТА листата, но мечот отиде во спротивна насока.

Свјонтек победи со 7:5 и 6:3 за 1 час и 44 минути и стигна до уште едно осминафинале на Гренд слем турнирите после Роланд Гарос минатата година во втората сезона на ВТА шампионатите.

Следната противничка на Свјонтек ќе биде Естонката Анет Контавет.

Единствената освојувачка на Австралија опен што остана во конкуренција, Анжелик Кербер продолжува во осминафиналето после триумфот над Италијанката Џорџи со 6:2/6:7(4)/6:3.

Во осминафиналето влегоа уште Пављученкова која беше подобра од Каролина Плишкова (7:6(4), 7:6(3)), Халеп која ја елиминира Путинцева (6:1, 6:4), Мертенс со победата над Белис (6:1, 6:7(5), 6:0), Мугуруза која беше убедлива против Свитолина (6:1, 6:2).