Голманот Гонзало Перез де Варгас беше еден од заслужните за златото на Шпанија, со неколку клучни одбрани во миговите кога се кршеше резултатот. Голманот истакна дека благодарение на одбраната, Шпанија го освоила златниот медал.

„Многу емотивен момент, го заслуживме ова. Успеавме да се издигнеме во клучните моменти. Денеска се соочивме со квалитетна екипа, исто како нашата. Но, покажавме дека бевме посвежи. Сакам да ја пофалам играта во одбраната“, рече Де Варгас.