Челниците на француската федерација сепак не можеа да преминат преку неочекуваната елиминација на нивната земја во групната фаза на Европското првенство. Иако беше најавено дека Дидие Динар нема да добие отказ, се случи спротивното.

Според тамошните медиуми тој повеќе не е слектор на оваа земја, откако не успеа да донесе златен медал на големите натпреварувања (бронза на ЕП во Хрватска и СП 2019 година).

43-годишниот стратег доби отказ, а во квалификациите за пласман на ОИ во Токио чиј домаќин ќе биде Франција ќе биде неговиот помошник Гијом Жил.

Претходно поради неуспех, оставка си поднесоа спортскиот директор на Вардар и сега екс-предводникот на Русија, Едуард Кокшаров, и Сергеј Бебешко, селекторот на Украина.