Во последните минути на дуелот меѓу Шпанија и Хрватска во центарот на вниманието беа двајца екс-играчи на „златната генерација“ на Вардар. Игор Карачиќ по онаа победничка асистенција до Муса на дуелот против Норвешка, денеска направи кикс, го понесе возбудата, направи неколку чекори повеќе.

Откако македонските арбитри им ја одзедоа топката на Хрватите, на другата страна Алекс Душебаев го постигна последниот погодок за Шпанија и потврди дека нема да има промени на врвот на Европа.

По завршување на мечот, тој им честите на ракометарите на Хрватска и порача дека очекува да се видат на ОИ.

„Честитки за Хрватска. Беше драматично, се бореа до самиот крај. Го оставија срцето на терен, имав чвуство како да играме во Арена во Загреб. Секоја чест и за нив. Жал ми е што изгубија, но ние го сакавме ова злато повеќе. Им посакувам на Хрватска многу среќа, сигурен сум дека ќе обезбеди место во Токио. Ова е репрезентација која тешко се победува, денеска имавме малку повеќе среќа“, изјави Душебаев.