Неполни два и пол часа не делат од финалето на Европското првенство меѓу Шпанија и Хрватска.

Лино Червар се соочува со проблем, Лука Циндриќ го прескокнал последниот тренинг.

Станува збор за стара повреда, најверојатно ситуацијата се влошила по оној маратонски дуел против Норвешка во полуфиналето.

Хрватските медиуми пишуваат дека Циндриќ виси за мечот со Шпанија. Дали е навистина така останува да видиме наскоро.