Раџа Наинголан денеска постигна гол против Интер, со кој Каљари стигна до еден бод на „Џузепе Меаца“ играјќи 1:1. Наинголан лани играше за Интер, но беше „избркан“ од тимот и се приклучи на Каљари.

Рече дека му е жал поради некои работи кои се случуваат во Интер, но од друга страна и не, кога ќе се присети што му правеле.

„Од една страна ми е жал за навивачите и за соиграчите од Интер. Меѓутоа од друга страна не од раководните луѓе кои не ме третираа како фудбалер“, изјави Наинголан.