Спортот е таков, еднаш ќе те однесе на седмо небо, следниот пат ќе те спушти ниско на земја, ќе те погоди во срце. Но, како велат од грешките и поразите најмногу се учи. Од оваа мисла треба да се води Игор Карачиќ, во текот на целото Европско првенство беше неверојатен, против Норвешка ја имаше асистенција за голема победа, но ете денеска направи грешка кога не требаше.

По завршување на мечот не ја криеше болката, ниту солзите. Неговата Хрватска одново пропушти шанса да дојде до златниот медал.

„Добро се држевме, но некако успеаја да направат пресврт. Успеавме да собереме сила, да се вратиме, но ништо не одеше. Сите плачеме…Не знам како изгубивме, го чекавме ова злато и пак ништо“, едвај збореше Крачиќ.