Парма со 2:0 беше подобар од Удинезе на домашен терен со 2:0. Стрелец на вториот гол беше „нашиот“ Дејан Кулушевски, кој погоди со удар од 20 метри. Тоа беше петти гол на Кулушевски, а победникот од овој меч беше решен уште во првиот дел кога Парма се стекна со оваа предност. За Удинезе последните 15 минути ги одигра Илија Несторовски.

Од другите мечеви, Сампдорија и Сасуоло одиграа без голови, а Верона со 3:0 беше подобар од Лече.