Ренова денеска во Охрид со 5:0 го победи Кораби Пешкопеја, тим од Албанија. Стрелци на головите беа Ремзифаик Селмани и Флоријан Кадриу по два, а еден гол постигна Нехар Садики. Тоа беше уште една убава контрола за “гипсарите“ во текот на овие зимски подготивки. Тренерот на „гипсарите“ Бујар Ислами и на овој меч им даде шанса на оние играчи на кои би можел да смета во текот на пролетниот дел. Инаку од Ренова не кријат дека посакуваат барем уште две нови имиња.