Лино Червар по финалето и поразот од Шпанија, рече дека нема повеќе да ја води селекцијата на Хрватска на големи натпреварувања. Ја најде причината за поразот во финалето.

„Крваво го заработивме ова финале. Ништо не им замерувам на моите ракометари, за злато ни беше потребно повеќе ширина. Беше 18:18, а паднавме во последните пет минути. Нашата репрезентација може горда да се врати дома“, рече Червар кој кажа и за својата иднина:

„Во животот мораш да се задоволиш со она што го имаш. Не можам да се жалам со оглед на медалите, горд сум на своите успеси. Со гордост ја водев оваа селекција, благодарен сум на сите кои беа во мојот тим. Задоволен сум од кариерата, но повеќе нема да ја водам селекцијата на СП или ЕП. Не бевме доволно регенерирани, но можеме со кренати глави да си одиме дома“, рече Червар.