Без разлика за кого беа симпатиите во финалето, сепак едно мора да се признае. А тоa e дека Шпанија заслужено е европски првак, заслужено трофејот е во рацете на „Фуријата“.  „Теле 2“Арената во Стокхолм беше „обоена“ во „црвено–бело“, во знакот на Хрватска, најмалку 10.000 фанови имаше на трибините. Сепак на крајот се радуваа оние малкумината фанови на Шпанија.

Со ова Шпанија се пласира директно на ОИ, додека Хрватска низ квалификаци ќе се бори за настап во Токио.

Хрватска пласманот на ОИ ќе го бара преку турнир кој ќе се игра во Франција во друштво на домаќинот и второпласираната екипа од првенството во Африка и против Португалија.

Пред четири години „коцкестите“ до Рио стигнаа во Санска. Квалификацискиот турнир ќе се одигра на 17. април.