Популарната детска игра Брканица е крената на професионално ниво до таа мера што се организира и Светско првенство. Секој тим брои максимум пет членови. Секој меч помеѓу два тима е помеѓу 10-16 бркотници (претходно одредени). Секоја брканица е долга 20 секунди во која бркачот мора да го фати бегачот. Ако бркачот го фати бегачот во поставеното време неговиот тим добива еден поен… Тимот со најмногу поени го добива мечот.

Бркачот мора да го фати бегачот со рака, не е дозволено со нога… А има и одредено граница до каде може да бега, ако ја премине линијата губи…

Еве како тоа изгледа.