Игор Карачиќ, кој беше избран во идеалниот тим на ЕП, на денешниот пречек на хрватските ракометари во Загреб рече дека ваквото добредојде во Загреб кое им го приредија нешто повеќе од 5000 навивачи ги исполни со гордост.

„Единствено што можам да кажам е дека сум горд на вас, ви благодарам во името на целиот тим. Бевме тажни по поразот во финалето, но сега сме пресреќни што можеме да видиме дека направивме нешто одлично за нашиот мал хрватски народ. Ние дадовме се од себе, нашите навивачите беа голем ветар во нашите грбови. Тимот дишеше како едно семејство околу 20 дена, а во финалето решаваа малите работи“, рече Карачиќ.