Каталонците очајно бараат ново име во нападот. Според информација на дел од француските медиуми, Кике Сетиен и неговите соработници сега почнале разговори со француски Монако околу можноста да го добијат 29-годишниот Висам Бен Једер како замена за повредениот Луис Суарез.

Барселона остана без Суарез пред неколку недели, откако тој го повреди десното колено и нема да се врати на терените до мај. Оттука во клубот е запалено црвеното светло и очајно се трага по негова замена.

Според информациите, преставници на Барселона викендов биле во комуникација со Монако и наводно предложиле сума од 80 милиони евра за Бен Једер.

Наводно, од Монако одбиле да разговараат, затоа што Бен Једер е најдобриот играч на клубот сезонава. Сепак, понудата со која Барселона ќе се јави по вторпат може да ја промени ситуацијата, сметаат експертите.