Хрватските ракометари денеска се вратија во Загреб по освоениот сребрен медал на ЕП. На пречекот на централниот плоштад, ракометарите беа пречекани од многубројни фанови.

Еден од најдобрите ракометари на првенството, Домагој Дувњак прв даде изјава откако се симна од автобусот.

„Кога ќе дојдете на Плоштад и ќе видите толку многу луѓе, тогаш знаете што направивте. Ние бевме тажни, но ова е лудо. Повторувам дека бевме многу тажни, но за ова се живее, за добредојде од вакви луѓе. Благодарност до фановите што нè поздравија и им благодарам многу за ова“, рече Дувњак.